Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во дебатниот магазин „Клик плус“ на ТВ21 истакна дека не се почнати преговорите со Европската Унија поради корупцијата и невладеење на правото
„Чувствувам гордост што успеавме да го спречиме планот за изгласување уставни измени под бугарски диктат, затоа што не прифативме дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, и горд сум што ги извадивме на виделина овие бандити на власт, од проста причина јасно е зошто не се почнати преговори, не се Бугарија, ниту уставните измени, туку проблемот со владеењето на правото. Последните два дена се најдобар доказ. ЕК презентираше 40 препораки за реформи на судскиот систем“, вели Николоски.
Тој вели дека да бил на нивно место би му било страв да излезе на улица.
„Претседателот Мишел објави дека Украина и Молдавија ќе ги започнат преговорите за членство на ЕУ, и покрај противењето на Унгарија и Австрија, што е најдобра потврда дека неколку големи главни градови на европски земји сметаат дека Македонија не е подготвена за почеток со преговори поради корупцијата и владеењеот на правото, и доколку се убедени дека Македонија заслужува почеток, проблемот со Бугарија ќе го решат за едно попладне“, порача Николоски.