Не се преговара за забраната за користење на динарот на Косово, тоа е одлука на ЦБК, изјави Курти

Косовскиот премиер Албин Курти денеска во врска со најавата за забрана за користење на динарот во Косово изјави дека одлуките на Централната банка на Косово (ЦБК) се независни, дека ЦБК само си ја врши работата и дека за нејзините одлуки не може да се преговара.

Откако му оддаде почит на еден од командантите на поранешната Ослободителна војска на Косово, Захир Пајазити, Курти на новинарите им потврди дека за одлуката на ЦБК за валутата за готовинско плаќање не може да се преговара.

Тој не зборуваше за барањата на меѓународната заедница да се одложи извршувањето на правилникот на ЦБК, според кој од 1 февруари еврото треба да биде единственото платежно средство на Косово во готовинско плаќање.

„Во четири општини на север има четири филијали на банки и 15 небанкарски финансиски институции до кои може да се испраќаат дознаки и плаќања и каде сите се примаат во евра. Еврото е валутата што ни доаѓа од ЕУ, никому не му кажуваме да набави албански лекови или нова дарданска валута од Косово, туку еврото како единствено средство за плаќање и купување, јасно е дефинирано на Косово и тоа не е прашање за кое се преговара“, нагласи Курти.