Не се води постапка за исклучување на партијата од ЕНП

Обраќањето на потпретседателот Александар Николовски на конференцијата на Европската народна партија е најдобар показател за партнерските односи на ВМРО ДПМНЕ со ЕНП (EPP).

Вистината е дека ниту имало отпочнато постапка, ниту во моментов се води постапка за исклучување на партијата од ЕНП. Секоја друга информација е тенденциозно ширење на лажни вести и невистини.

Државната агенција МИА мора да постапува професионално, водејќи се по основните етички новинарски стандарди на објективност и непристрасност. Државната агенција МИА не смее да објавува неточни и непроверени вести и информации повикувајќи се на неименувани извори.

За да бидат отстранети сите дилеми околу вистинитоста на информациите кои ги објавуваше МИА изминатиов период со цел да се креира мислење дека ВМРО ДПМНЕ е пред исклучување, јавно повикуваме да бидат објавени изјавите врз кои се базираа текстовите од Брисел. Се друго би било шпекулација и непроверена интерпретација, според терминологијата што ја употребува агенцијата.

Интегрален текст од соопштение на ВМРО-ДПМНЕ