Не сфаќам зошто Мицотакис лично не ме покани во Атина на неформалната вечера, изјави Рама

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека лично не разбира и не е навреден од тоа што грчкиот премиер Киријакос Мицотакис не го покани во Атина на неформална вечера со лидерите на Западен Балкан.

Рама во интервју за „Катимерини“ вели дека, сепак, нема да направи нешто слично, оценувајќи дека средбата во Атина, одржана минатиот понеделник, е навистина значајна, како и иницијативата покрената од Мицотакис.
„Значи, за мене Кирјакос беше пријател, тој се уште е пријател кого го сакам и почитувам“, рече Рама.

Случајот со избраниот градоначалник на албанскиот град Химара, Фреди Белери, кој припаѓа на грчкото малцинство, кој е во затвор под обвинение за купување гласови на изборите на 14 мај 2023 година, веројатно означи еден од најниските поени во односите меѓу Албанија и Грција во последната деценија.

Рама рече дека за време на изборната кампања бил остар кон Белери бидејќи дал, како што рече, многу неприфатливи изјави, како најавата дека ќе го унапреди процесот на хеленизација на Химара.

„Знаете, тоа не е нешто што се зборува во Европа“, рече Рама.