Не смееме да ја жртвуваме безбедноста поради профитот, порача Столтенберг

Западните земји не смеат да ја жртвуваат безбедноста поради профитите, предупреди во вторникот генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, алудирајќи на дискусиите за користење на кинеските технологии во 5G мрежите и руско-германскиот гасовод Северен тек 2.

„Мора да признаеме дека нашите економски избори имаат последица врз нашата безбедност. Слободата е поважна од слободната трговија, заштитата на нашите вредности е поважна од профитот. Не сум против тргувањето со Кина, но сакам да кажам дека, на пример, контролата на мрежите 5G е од витална важност за нашата безбедност“, изјави Столтенберг во своето излагање на Светскиот економски форум во швајцарски Давос.

Вашингтон долго време од сојузниците во Европа и другите земји бара да ја исклучат кинеската технологија за 5G мрежите. САД го сметаат водечкиот кинески технолошки гигант „Huawei“ како продолжена рака за контрола на кинеската Комунистичка партија.

„Не можеме да кажеме дека во интерес на профитите и слободната трговија ќе ги отвориме тие мрежи за добавувачи кои не се сигурни кога станува збор за безбедноста“, продолжи Столтенберг.

Кога станув збор за гасоводот Северен тек 2, со кој преку Балтичкото Море директно во Германија ќе се удвоеја испораките на рускиот гас, челникот на НАТО тврдеше дека „урокот е научен“.

Германија, по долгогодишно одбивање да го запре градењето на гасоводот, по доаѓањето на власт на социјалдемократско-зелената- либерална лева влада во Берлин, го искористи моментот кога Москва ја призна независноста на двете источни доминантно руски и рускојазични покраини во Украина пред да испрати руски војски на тие територии, да го блокира на недоредено време овој проект, и покрај големите штети за германската индустрија.

Столтенберг во продолжение рече дека слободната трговија донела голем напредок но и дека имала и своја цена, бидејќи таквите трговии „ја поткопуваат нашата безбедност – а тогаш мораме да ја избереме безбедноста наместо ранливоста и претераното потпирање на авторитарните режими“.

Погрешна е идејата, оцени Столтенберг чиј мандат во НАТО е продолжен поради војната во Украина, дека „можеме да купуваме гас од Русија колку што сакаме, тоа е погрешно, тоа е опасно“.

„Тоа ѝ дава оружје на Русија да заплашува и да го користи против нас, а тоа сега јасно се гледа, жалам што тоа морам да го кажам“, тврди Столтеберг.