Имајќи ги предвид најновите случувања, се уште сум апсолутно убеден, повеќе од кога било, дека кандидатите за членство во ЕУ би можеле да бидат подготвени за прием во Унијата до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел во интервју за Европската новинска редакција (ЕНР).
– Ако сакаме поголема стабилност, поголема безбедност, просперитет во иднина, не смееме да дозволиме земјите од Западниот Балкан да западнат во „сива зона“, каде некои други ќе играат игри за да ги дестабилизираат тие држави и нивните институции, да ја дестабилизираат ЕУ и да ги дестабилизираат вредностите и демократските принципи, порача Мишел.
Тој потенцира дека би било апсурдно ако ЕУ не го забрза пристапувањето на земјите кандидати за членство, но дека тој процес не е само одговорност на Унијата.
– Ние имаме домашна задача што мораме да ја завршиме. Затоа ја имаме Стратешката агенда за да се подготвиме за ова идно проширување, кое знаеме дека ќе има последици, вклучително и во однос на финансиската солидарност и во однос на процесот на одлучување, истакна Мишел, додавајќи дека европските лидери сепак се свесни оти ЕУ треба да се подготви за идното проширување и покрај политичките предизвици.
Тој потенцира дека ЕУ мора да биде поагилна во остварувањето поголем напредок по однос на проширувањето, но, според него, и земјите кандидати за членство имаат свои домашни задачи и тие точно знаат што треба да направат.
Тие треба да се усогласат со законодавството на ЕУ, од една страна, и треба да го подобрат раководењето со борбата против корупцијата, за да бидеме сигурни дека ја споделуваме истата правна рамка, изјави Мишел.
Претседателот на Советот на ЕУ потенцира дека тоа е она што се бара од кандидатите за членство во делот на реформите што треба да ги спроведат, но исто така, треба и да ги разрешат споровите, што претставува серозен предизвик.
– Би рекол дека веројатно најтешки се споровите, а понекогаш И најпредизвикувачки се споровите меѓу нив и некои од нашите земји членки, смета Мишел.
Според него, овие спорови, порано или подоцна, би можеле лесно да се решат ако се гледа кон иднината и ако ЕУ биде сфатена како приоритет.
– Потребно е да се разрешат, бидејќи тие претставуваат пречка за постигнувањето напредок, потенцира Мишел, додавајќи дека тоа е прашање на политичка волја.
За разлика од земјите од Западниот Балкан, според него, Украина, Грузија и Молдавија се соочуваат со „некои други предизвици“, но лидерите на ЕУ направиле „визионерски избор“ кога донесоа одлука на овие три држави да им доделат кандидатски статус