Не сообраќаат возови на релација Скопје-Битола, во пожар изгореле 1.000 прагови од пругата

Поради штета од пожарите во битолско-прилепскиот регион не сообраќаат возови на пругата Скопје-Битола-Скопје.

Од Железници соопштија дека уништени се околу 1.000 прагови и во моментот интензивно се работи на санација на дефектот.

Засега нема информации кога би можело да се очекува пругата повторно да биде ставена во функција, односно да се оспособи за безбедно одвивање на железничкиот сообраќај.