Не сум препродавач па да се пазарам за министерства

Ахмети повикан како сведок во Специјалното обвинителство
Ахмети повикан како сведок во Специјалното обвинителство

Јас не сум препродавач на Бит-пазар за да давам или земам министерства, вели Али Ахмети, одговарајќи на прашање дали ќе отстапи позиции за влез на Беса во Владата. ДУИ сè уште не знае како ќе постапи по информациите за влез на Беса во Владата, но Ахмети тврди дека неговата партија не е гледач, туку играч во политиката.

За случајот „Монструм“, каде што вчера се спомена името на функционерот од ДУИ, Невзат Бејта, Ахмети нема информации и додава дека објаснување треба да се бара во судскиот процес. За селективната правда, според лидерот на ДУИ, ако новинарите знаат за какви било пазарења, тогаш треба да ги демаскираат, односно ако има селектива правда кај судиите и обвинителите, да ја обелоденат.

Не го делам вашето мислење дека пратениците правеле криминал. Ако во рамките на ДУИ има функционери што ја злоупотребуваат довербата и ги злоупотребуваат средствата на граѓаните, ве молам да ги демаксирате со име и презиме, но и факти. Тоа направете го пред органите на правдата, во Обвинителството. Јас не сум обвинител, јас сум политичка партија која е заинтересирана работите да одат во правилен тек. Прашањата што се против интересите на граѓаните треба да добијат заслужена казна“, тврди Ахмети.

Тој ја поздрави неусловната препорака од Европската комисија велејќи дека пред Македонија има многу предизвици до зачленувањето на земјата во Европската Унија.

Нè очекуваат многу предизвици, како судските реформи, борбата со корупцијата, но и исполнувањето на препораките од Европската Унија. Од нас се очекува да бидеме поактивини како општество, за нашата заедничка иднина како на власта така на опозицијата“, додава Ахмети.​