Многу другари имав јас од тука и се уште имам луѓе со кои сме другари, и Македонци, и Албанци, Турци, Бошњаци. Многу луѓе кои во војска сме биле заедно се од овој дел на градот, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешниот интервју за Ора 24.
Мицкоски нагласи дека не треба да се поставуваат бариери ниту поделби не само во Скопје, туку во Македонија, укажувајќи дека така им се остава простор на неуспешните политичари да го делат народот.
-Не треба воопшто да поставуваме било какви бариери, ниту поделби. Не само во Скопје, туку генерално во Македонија. Мислам дека се додека ги отвораме тие теми ќе им оставаме простор на неуспешните и криминалците во политиката да го делат народот, истакна Мицкоски и додаде:
-Јас сакам да зборувам за теми кои што ќе не обединуваат. Една од тие теми е и онаа политика која планираме како идна влада а тоа е да инвестираме на целата територија на нашата држава, односно оние 250 милиони евра кои ќе бидат главен фокус да бидат распределени подеднакво на целата територија на Македонија. И ценам дека тоа се политики кои што сите нас треба да не обединуваат, порача Мицкоски.