Не успеа планот на Ахмети и Ковачевски преку Груевски, да стигнат до поделби и уставни измени, вели Лефков

Не им успеа планот на Али Ахмети и Ковачевски со Груевски да дојдат до уставни измени, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков за „Заспиј ако можеш“ на Алфа, при што посочи дека работите излегоа на виделина, а ВМРО-ДПМНЕ навреме им стави крај на нивните тајни договори против државата и за поделби во ВМРО-ДПМНЕ, како и дека партијата е обединета како никогаш досега.

– Излезе претседателот Мицкоски со тоа интервју, со што се обелоденија одредени сознанија, кои што ги имаме и имаме цврсти докази за она што се тврди. И јавноста знае дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш не било пообединето.

И таа обединетост се гледа практично и во пратеничката група, и се покажа нели на резултатите на локалните избори, и со она што го прават градоначалниците секојдневно, рече Лефков.

Лефков потенцираше дека дека излегуваат работите на виделина, планот со Груевски постепено им се осуетува и видоа дека планот не оди во посакуваната насока, да се дојде со уставни измени.

– Пукаат по рабовите. Не им успеа планот. Целосно се декласирани. Постојат информации и докази за комуникација на власта со Груевски и моравме да излеземе да стави крај на тоа, не смееме да бидеме заложници на вакви преговори, кои се случуваат под маса и надвор од јавноста, изјави Лефков.

Тој нагласи дека власта е исплашена, ако се обедини македонскиот народ и секој кој и мисли добро на Македонија, тешко дека ќе најдат простор за договорите на Ахмети и Ковачевски, бидејќи тие само знаат поделби да прават како што во се сакаат да го поделат народот на проевропски и антиевропски.

– Ако истраеме во нашите ставови да бидеме она што сме, да не дозволиме никој никогаш да не разговара за нашиот јазик, идентитет, за нашата историја, тогаш со самиот тој чин градиме историја. Да не ја продаваме целосно, да опстоиме како народ сите заедно.

Потребно е силно обединување и мислам на сите во Македонија, додаде Лефков.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ е единствено по ставот за уставните измени и тоа единство се виде и на седницата на 18-ти август.

– Раководството е единствено, станува збор за цела структурата во ВМРО-ДПМНЕ, кои немаат двоумење кои се целите и ставот против уставни измени и парламентарните избори, рече тој.

Лефков додаде дека во оваа држава се функционира на тајни средби помеѓу Ахмети и Ковачевски, од избор на судии до носење на закони.

– Во Македонија и избор на уставни судии и донесување на закони, измена на закони се случува на затворени средби. Тие веќе се договорени од страна на Ахмети и Ковачевски, каде ќе бидат избрани.

На комисијата за европски прашања доаѓа закон со европско знаменце, убедуваат дека е усогласено со ЕУ, а се гледа дека го договарале тие, рече тој.

Тој истакна дека не смееме да дозволиме никакви поединечни преговарања, поединечни договори, поединечни интереси.