![uranija pirovska](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/11/uranija-pirovska-1.jpg?resize=640%2C481&ssl=1)
Изјавата на Зоран Заев во која го нарекува Бојан Јовановски алијас Боки 13 педер наиде на многу реакции на социјалните мрежи. Една од реакциите е и реакцијата на Извршната директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права, Уранија Пировска. Таа на својот фејсбук профил напиша:
„Гнасно по многу основи! Толку од прифаќањето на различностите и нивното почитување! Тешка демагогија било се што се збореше и правеше претходно!“
„НЕ Зоран Заев, ЛГБТИ заедницата нема да ти прости!“
И програмската координаторка на Хелсиншкиот комитет, Билјана Гинова, напиша: „Нема да дозволам хомофоб да ни ја води (доуништи) државата, нека ми извинат политичарите“.