Западот го зема во заложништво целиот свет во развој, ставајќи го на рабод од гладување со своите посакувања да ѝ го скрши ‘рбетот на рускаа економија, изјави ноќта кон петокот на состонокот во Советот за безбедност при Обединетата нации, Василиј Небензја, постојан претставник на Русија во светската организација.
„Вистината, господа, е дека сте премногу занесени од залудните обиди по секоја цена да го скршите ‘рбетот на руската економија, да ја изолирате нашата земја. Сега не зборувам за неизбежните разорни последици за вашите сопствени економии“, рекол Небензја кој го цитира агенцијата РИА.
„На крајот, не можеме да сториме ништо во врска со вашата манијачна желба доброволно да си покате во ногата, па дури и во двете нозе, за последиците од таквите политики на вашите пазари ќе мора да одговрате пред своите даночни обврзници и гласачи“, додал рускиот амбасадор во ОН.
Според него, во контекстот на „прокси војната“ којашто Западот ја води против Русија преку Украина, западните земји „всушност како заложник го земаа целиот свет во развој, туркајќи го на работ на гладување“.
„И што и да ни кажете овде денеска, само вие може да ја промените таквата ситуација“, заклучил Небензја.