Подготвеноста на Украина да се демилитаризира и денацификацијата ќе претставува чекор кон крајот на „специјалната воена операција“ на Русија во соседната земја, изјави во понеделникот рускиот амбасадор во Обединетите нации, Василиј Небензја, отфрлајќи го обвинувањата дека руската војска напаѓа цивилни цели и обвинувајќи дека во Киев на власт се радикалите.
„Кога ќе ја завршиме операцијата? Го кажав тоа што порано го кажа (рускиот претседател Владимир) Путин. Штом ќе имаме уверување дека украинските власти се подготвени да спроведат демилитаризација и денацификација, тоа ќе биде чекор кон нејзиното завршување“, изјави Небензја на прес-конференцијата во седиштето на светската организација во Њујорк.
Според рускиот амбасадор, реалната власт во Украина е концентрирана во рацете на радикалните кругови а не кај претседателот Владимир Зеленски.
„Вистинската моќ во Украина, вистинската политичка тежина е концентрирана во рацете на радикалите и неонацистите кои го игнорираат претседателот и имаат сопствена агенда“, тврдеше Небензја.
Истакна дека Русија имала „проверени и веродостојни“ информации за подготовка на воена операција од страна на Киев во одметнатата од 2014 година доминатно руска и рускојазична област Донбас, поради што рускиот претседател на предлог на парламентот на 24-ти февраури ги призна самопрогласените ткн „народни републики“ во Донецк и Луганск и потоа нареди руските единици да ја минат украинската граница.
Наводите дека руските сили напаѓаат цивилни објекти во Укрина се во најмала рака сомнителни, оцени Небензја.
„И порано говорев дека автентичноста на таквите извештаи е сомнителна, тие може да се апсолутно неверодостојни“, одговори рускиот дипломат одговарајќи на прашањето за навоното „бомбардирање на Харков од страна на руските сили“ и „експлозии во Киев“.
Рече дека во Москва има редовни брифинзи на министерството за одбрана кои потврдуваат дека не се напаѓаат цивилни објекти во Украина или во градовите.
Небензја исто така ја критикуваше одлуката на САД на да протераат руски дипломати од постојаната мисија на земјата во ОН.