Неда Арнериќ излегува од болница

Неда Арнериќ излегува од болница
Неда Арнериќ излегува од болница
Српската актерка Неда Арнериќ (63) која во неделата навечер падна од третиот кат во зградата во која живее утре би требало да ја напушти болницата и да се врати дома.

Арнериќ имала неверојатна среќа при падот што поминала без посериозни последици. Таа е подвижна и се чека само специјален појас кој ќе и биде фиксиран на повредената кичма. Од ургентниот центар во Белград за српските медиуми велат дека актерката имала повредени три градни пршлени, но и дека избегнала трајни последици, па така со помош на мидер ќе може самостојно да се движи. Полицијата во извештајот не наведува дали актерката сама скокнала од балконотот или станува збор за несреќен случај.

Сигурно е само дека никој не ја турнал. По извршената токсиколошка анализа во нејзината крв се откриени повеќе од 1 промил алкохол. За време на несреќата, во неделата навечер, Неда била во станот со нејзиниот сопруг Милорад Мештеровиќ.