
Како што информира Тетар Комедија, во неделите ќе гостуваат приватни проекти кои се во жанрот на комедијата.
Акцијата „Среќна недела“ почнува в недела, 16 октомври со претставата „Приказните на заборавените претци“ во продукција на Народен театар Слојштица.
Претставата „Приказните на заборавените претци“ е во режија на Андреј Цветановски, а во неа играат Дамјан Цветановски, Тони Денковски, Сергеј Димовски и Исидор Јованоски.
„Приказните на заборавените претци“ е премиерно изведена на 28 август во село Слоештица како дел од фестивалот Славење на пирејот. Материјал за создавање на претставата се приказните пренесувани од Дедо Илија Кочовски.