Во текот на минатата недела и викендот, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење стока, при што привремено се задржани стари монети, девизи, ловечка муниција, цигари, опрема за тетовирање, лекови, облека, моторцикл, автоделови, козметички средства, бижутерија, мобилни телефони и таблет уреди, електромотори, ореви и фалсификати. Покрај тоа откриен е и еден обид за криумчарење марихуана и психотропни печурки.
Задржана е следната стока:
Девизи и стари пари
– 753 стари монети и 4.600 швајцарски франци се откриениво два одвоени случаи, на скопскиот аеродром Александар Велики.
Во првиот случај, при контрола на багажот на македонска државјанка, која имала намера да отпатува со лет за Дубаи откриени се 753 стари монети. Аеродромската служба за рентгенска контрола забележала сомнителни предмети во багажот на патничката, по што се повикани царинските службеници. При преглед на багажот, помеѓу личните работи на патничката пронајдена е кеса полна со стари монети со различно потекло и старост, кои според стручно мислење на експерти од Музејот на Македонија не претставуваат културно наследство на Република Македонија, но може да имаат значителна нумизматичка вредност.
Во вториот случај, при контрола на рачниот багаж на македонска државјанка која допатувала со лет од Цирих, во паричник и во пликсе пронајдени вкупно 16.600 швајцарски франци. Согласно законските прописи, на патничката и биле вратени 12.000 швајцарски франци (противвредност на 10.000 евра), износ што може слободно да се внесе во државата, додека 4.600 швајцарски франци се привремено задржани.
Ловечка муниција
– 101 патрони за ловечко оружје, откриени во три одвоени случаи, при обид на тројца патници да ги внесат во државата.Во првиот случај, на граничниот премин Богородица, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, во кеса сместена во фиоката за документи, мобилните царински тимови открија 50 парчиња ловечка муниција. Во вториот случај, на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на патните торби на македонски државјанин кој допатувал со лет од Базел, пронајдени се 45 патрони ловечка муниција. Во третиот случај, на граничниот премин Свети Наум, при контрола на патничко возило со грчки регистарски таблички, управувано од грчки државјанин, во фиока помеѓу возачкото и совозачкото седиште се откриени 6 парчиња ловечки куршуми.
Цигари
– 189 штеки цигари, откриени во 4 одвоени случаи, 2 од страна на мобилните царински тимови и 2 случаи на скопскиот аеродром Александар Велики.
Од страна на мобилните царински тимови се откриени вкупно 137 штеки цигари.
Во првиот случај, при контрола на автобус со турски регистарски таблички, управуван од косовски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Деве Баир, пронајдени се 105 штеки цигари, од кои 55 штеки со косовски акцизни маркички и 50 штеки без акцизни маркички. Непријавените цигари се пронајдени позади фрижидерот, во делот наменет за алат што се наоѓа позади седиштето на возчот и во просторот за багаж на возачите. Во вториот случај, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат, откриени се 32 штеки цигари марка 57 и MonteCarloсо македонски акцизни маркички. Цигарите се пронајдени во внатрешноста на потпирачот на задното седиште и во внатрешноста на резервната гума на возилото.
На скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на двајца патници пријавени за излез од државата откриени се вкупно 52 штеки цигари со македонски акцизни маркички.
Во првиот случај, при контрола на чекираниот багаж на шведски државјанин кој имал намера да отпатува за Стокхолм, откриени се 29 штеки цигари Marlboro Gold, West Silver и West red, додека во вториот случај, во чекираниот багаж на македонски државјанин, кој имал намера да отпатува со лет за Лондон, пронајдени се 23 штеки цигари Winston blue.
Моторцикл, автоделови и регистарски таблички
-1 моторцикл SUZUKI и 1 резервен мотор за истиот, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарнo моторнo возилo-комбе со швајцарски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената стока е пронајдена во товарниот дел на комбето, меѓу легално пријавената стока.
– 5 автоделови и 1 комплет регистарски таблички и сообраќајна книшка, откриени во два одвоени случаи на граничниот премин Табановце автопат. Во првиот случај, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата, во багажниот простор се пронајдени 5 делови за менувач на брзини (запчаници, полуги и тело).
Во вториот случај, при заедничка контрола со полициската служба на преминот, на патничко комбе со бугарски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за излез од државата, под патосниците, на подот на возилото се пронајденишвајцарски регистарски таблички и сообраќајна книшка. Табличките и сообраќајната книшка припаѓале на патничко возило со кое прекршителот претходно има остварено влез во Република Македонија, но со истото се однесувал како да е пуштено во слободен промет без спроведување на пропишани царински формалности и без да бидат платени увозни давачки.
Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост
– 3.435 козметички и текстилни производи со ознаки на заштитени трговски марки, откриени во два одвоени случаи, на граничниот премин Богородица, при контрола на две товарни возила, пријавени за влез во државата. Во првиот случај, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, натоварено со разновидна стока со потекло од Кина наменета за увозник од Косово, откриени се 2.880 кутии крем за депилација со ознаки на заштитена трговска марка. Во вториот случај, при контрола на товарно моторно возило со турски регистарски таблички, натоварено со разновидна текстилна стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Црна Гора, откриени се 555 парчиња деолен дел тренерки со ознаки на заштитена трговска марка.
Облека
– 310 парчиња облека, текстилен материјал и модни додатоци-бижутерија (марами, ракавици, чорапи, блузи, фустани, венчиња, прстени, рачни часовници, синџирчиња и др.), откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на багажот на британски државјанин кој допатувал со лет од Лондон.
– 100 парчиња облека (блузи, дуксери, маици, пижами и долна облека), откриени на граничниот премин Богородица, при контрола на автобус со македонски регистарски таблички, пријавен за влез во државата. Непријавените производи се пронајдени во две патни торби, сопственост на македонска државјанка-патник во автобусот.
– 89 машки кошули, откриени на царинската испостава Штип,при контрола на стока пријавена за увозно царинење за фирма увозник од Скопје.
– 78 готови текстилни производи, откриени на граничниот премин Дојран, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените производи се пронајдени во кабината на возилото, помеѓу личните работи на возачот.
– 11 јакни, откриени на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на товарно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Непријавените јакни се пронајдени во просторот за палети на возилото.
Лекови и опрема за тетовирање
– 5.950 ампули DiamoniumGlycyrrhizinate и VitaminC, откриени на царинската испостава Аеродром-отсек за стоково царинење, при контрола на стока со потекло од Кина, пријавена за увозно царинење за фирма увозник од Скопје.
– 250 игли за тетовирање и 2 шишенца од 59,2 mlмастило за тетовирање TrueBlack и SnowWhiteOpaque, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики, при контрола на багажот на македонски државјанин кој допатувал со лет од Истанбул.
Останато
– 203 разни козметички производи и средства за лична хигиена (шампони, гел, лак,боја и други средства за нега на коса, течен сапун, дезодоранс, пена за бричење, млеко за тело и пасти за заби), жилети, електричен депилатор, средства за миење садови и освежувачи за простории, откриени на граничниот премин Ќафасан, при контрола на празно товарно моторно возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин пријавено за влез во државата. Непријавените производи се пронајдени на креветот, под седиштето и во фабрички прегради во кабината, како и во просторот за палети на возилото.
– 3 мобилни телефони, 1 таблет уред и 30 килограми чистени ореви, откриени на граничниот премин ДевеБаир, во два одвоени случаи, при контрола на две патнички возила пријавени за влез во државата. Во првиот случај, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, во патни торби, сместени во багажниот простор на возилото пронајдени се 3 мобилни телефони IPHONE 6 и 1 таблет уред Ipad.Во вториот случај, при контрола на патничко моторно возило со бугарски регистарски таблички управувано од македонски државјанин, во внатрешноста на резервоарот за гориво на возилото пронајдени се 30 килограми ореви.
– 2 електромотори марка BANE, откриени на граничниот премин Табановце автопат, при контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, управувано од македонски државјанин, пријавено за влез во државата. Еден од моторите е пронајден позади возачкото седиште, покриен со лични предмети, а другиот мотор бил сокриен во куфер, сместен во багажникот на возилото.
Марихуана
На граничниот премин Табановце автопат откриен е обид за криумчарење 4 грама марихуана и печурки со присуство на психотропна супстанца ЛСД. Вчера вечер (12.10.2014), за излез од државата се пријавил автобус со германски регистарски таблички сопственост на компанија од Германија, управуван од германски државјанин, во кој биле присутни уште совозачот и две патнички, сите германски државјани.На прашање на царинските службеници, сите изјавиле дека немаат што да пријават за царинска контрола, по што било пристапено кон детален преглед на автобусот. Притоа, позади возачкото седиште, во кожна футрола се пронајдени 2 зипер кесички со околу 4 грама зеленкаста растителна материја, за која со помош на тестер на дрога било утврдено дека се работи за марихуана. Автобусот бил прегледан и со помош на царинско куче, при што во горниот дел од истиот, поточно на вториот кат од креветот, под јорганска прекривка, е пронајдена стаклена тегла со 4 печурки, во кои, со помош на тестер на дрога, било утврдено присуство на психотропна супстанца ЛСД.