Неделен хороскоп од 28.01.2019 до 3.02.2019

Што ни подготвија ѕвездите за тековната недела…

ОВЕН

Љубов: Ќе ви се мешаат фантазијата и реалноста во љубовниот живот и тоа речиси секојдневно. Можеби ќе ја идеализирате саканата личност припишувајќи и’ особини кои во реалноста ги нема или пак ќе барате нешто невозможно. Како и да е, ќе бидете среќни и сакани.

Работа: Ќе забележите дека се уморувате и дека ви треба два пати повеќе време да завршите работи кои инаку ги завршувате побргу. Поради тоа ќе треба внимателно да ги испланирате работните часови и да ги штедите силите. Така ќе бидете поефикасни.

Здравје: На полето на здравјето, пред вас е период во кој може да имате проблеми со стомакот, варењето и цревата. Многу е важно максимално да внимавате на исхраната. Штедете се и обновувајте се со медитирање.

БИК

Љубов: Поради зголемената активност во другите подрачја на животот, малку ќе го запоставите приватниот живот. Но тоа ќе биде добро затоа што вашата моментална мотивираност за љубов е мала. Оние што се во врска ќе одржуваат солиден статус.

Работа: Ќе ги зацврстите стекнатите позиции и заслужено ќе се однесувате како да сте главни, потполно свесни за своите способности. Ќе сфатите дека вредело да се потрудите и сега мирно можете да продолжите понатаму. Особено добро ќе им оди на оние што се вработени на одговорни позиции.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, можни се помали срцеви проблеми за кои ќе треба да поведете сметка, а и долниот дел од стомакот ќе ви биде чувствителен во овој период. Повеќе уживајте во животот.

БЛИЗНАЦИ

Љубов: Овие денови полека ќе почнете да се дистанцирате од саканата личност или вашето љубовно расположение малку ќе опадне. Но подеднакво ќе бидете расположени за забава, па ќе има излегувања. Сепак, односите кои ќе ги остварувате ќе останат на површно ниво.

Работа: Веројатно постојано ќе ве надгледуваат, но вие ќе имате сила да продолжите со работата и нема да обрнувате внимание на тоа. Овој вид на контрола не е пријатна, но сепак ќе се сврти во ваша корист. Затоа немојте премногу да се грижите. Вие само работете си ја вашата работа.

Здравје: На полето на здравјето нагласени се проблемите со варењето, забавениот метаболизам, а постои и склоност кон здебелување. Ова не е добар период и чувствителни сте. Се’ повеќе се интересирате за музиката како средство за релаксација.

РАК

Љубов: Во текот на оваа седмица веројатно малку ќе ви биде сеедно. Се’ повеќе ќе ве интересираат некои други теми, освен љубовта. Саканата личност ќе ја забележи ова мала дистанца, а за да не ве разбере погрешно, потрудете се со некој мал подарок.

Работа: Откако поставивте добри темели, ќе продолжите да градите понатаму. Многумина овие денови многу активно ќе се ангажираат преку соработка со шефот или од претпоставените ќе добијат посебни барања. Понекогаш ќе ви недостасува енергија за се’. Затоа добро организирајте се.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, можни се некои проблеми поврзани со грлото, синусите, склоност кон настинки и вирусни инфекции. Потрудете се да го зајакнете имунитетот. Ќе бидете добро.

ЛАВ

Љубов: Околу вас постојано ќе има интересни ликови. Ќе бидете разиграни, весели, подготвени се’ да делите со нив, но без многу обврски. Некои од вас својата врска ќе ја постават во ранг на добро пријателство и ќе се откажат од поголем интимност.

Работа: Повеќе сакате соработка отколку борба, но овие денови веројатно ќе морате да се изборите за некои свои права. Немојте да заборавите дека со нив секогаш одат обврски и одговорност. Немојте да бегате од ништо. Ќе успеете работите да ги поставите на свое место.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, ве очекуваат проблеми со грлото, но и со слузницата на носот, устата и проблеми со забите. Задолжително посоветувајте се со вашиот лекар околу се’ што ве мачи. Бидете секогаш она што сте. Искрени.

ДЕВИЦА

Љубов: Во вашиот љубовен живот овие денови ќе бидете отворени и опуштени. Подготвеноста да им верувате на другите ќе ви се врати на најдобар можен начин. Не само што ќе имате доверба во партнерот, туку и обратно, а тоа е навистина добро.

Работа: Новите млади соработници во работата што ја работите ќе се појават од друго работно опкружување или пак од друга средина. Вие ќе им покажете како најдобро да се прилагодат на работата. Ќе бидете полни со добри совети и уште подобри намери. Некои одговори се’ уште ќе чекате.

Здравје: На полето на здравјето ве очекуваат проблеми со главоболка, очите, нискиот крвен притисок и несвестица. Оваа седмица ви е поволна за одмор, избегнувајте напрегања. Уживајте во животот.

ВАГА

Љубов: Ќе се обидувате добро да се забавувате. Многумина ќе почувствуваат привлечност кон личност која е млада или која ќе им внесе голема свежина во животот. Оние што се во врска ќе бидат многу креативни и заедно ќе одат на многу интересни места. На сите ќе ви биде барем малку празно.

Работа: Се’ што работите некако ќе ви се чини помалку важно отколку социјалниот живот. Овие денови на работата нема да и’ придавате поголемо значење. Некои од вас полека во главите ќе кројат нови деловни планови, но сега за сега нема да има конкретни потфати. Ќе работите рутински.

Здравје: На полето на здравјето ве очекуваат помали проблеми поради нервоза и стрес. Важно е во текот на оваа седмица да најдете доволно време да се посветите на себе и кон релаксацијата. Уживајте со пријателите.

СКОРПИЈА

Љубов: Малата збунетост ќе биде поврзана со вашата потреба за сигурност. Бргу ќе ја заборавите. Ќе имате чувство дека сте поврзани со целиот свет, а тоа на вас ќе делува мотивирачки. Личните односи ќе се развиваат малку подобро.

Работа: Вашето влијание во работата ќе биде базирано на вашата инвентивност и професионалност. Овие денови се’ уште ќе чекате некои одговори од кругот на стручни луѓе кои што можат да влијаат на понатамошниот развој на работата, но општо земено, се’ е под контрола и добро се развива.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, големи се шансите во текот на овој период да имате проблеми со циркулацијата во нозете, како и со зглобовите на нозете, па поведете сметка околу тоа. Ќе им бидете интересни на сите.

СТРЕЛЕЦ

Љубов: Од време на време ќе ви се чини како да не е вистинско време за љубов. Не сте во право затоа што почнуваат да ви се отвораат се’ подобри љубовни прилики. Само вие можете самите да си направите пречка. Затоа и љубовта ќе зависи од вас. Занемарете ги блокадите и тргнете во освојување.

Работа: Се чини како сите нешто да чекаат, но вие нема да чекате повеќе ништо. Најмногу затоа што се’ е тука пред вас. Коцките се редат со се’ поголема брзина, а на вас останува да се прилагодите најдобро што можете. Тоа лесно ќе оди со малку самодисциплина. Можностите се тука.

Здравје: На полето на здравјето ве очекуваат помали проблеми со ’рбетот, грбот, мала вкочанетост и чувство на слабост, немоќ. Ќе бидете склони кон тешкотии и компликации. Од време на време одморете се.

ЈАРЕЦ

Љубов: Оние што се во подолги врски ќе станат свесни колку малите и навидум неатрактивните работи се важни во приватниот живот. Тоа ќе биде добро. Ќе уживате позрело и подискретно. Оние што се сами ќе излегуваат без големи љубовни амбиции.

Работа: Веројатно ќе ја добиете поддршката од другите за вашите деловни планови, но со неа ќе дојде и потребата да реагирате или да ја критикувате целата работа. Немојте тоа да го правите. Многу подобро ќе поминете ако се воздржите од коментари. Имајте го тоа на ум.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, можни се проблеми поради прекумерно внесување на алкохол. Ве очекува фаза во која ќе мора да почнете да ги менувате навиките. Добро ќе ви дојде прошетка во природа.

ВОДОЛИЈА

Љубов: Ќе се интензивираат излегувањата и необичните забави. Многумина од вас ќе го подобрат социјалниот живот, ќе среќавате интересни лица, а ќе има и такви кои ќе бидат на прагот на вљубувањето. Колку што мислите вие на другата страна, толку и таа ќе мисли на вас.

Работа: Ќе се двоумите дали да ги земете работите во свои раце или да им препуштите на другите да ја водат целата работа. Овој пат можете да повлечете посмели потези затоа што се’ она што го правите, со напомена да не форсирате, главно ќе вроди со плод. Значи, одете полека и организирано.

Здравје: На полето на здравјето ве очекува фаза во која можете побргу да се регенерирате и да ги решите проблемите што ги имате од минатото. Можно е да се опоравите од некои заболувања. Само продолжете така, но и одморајте се.

РИБИ

Љубов: Саканата личност ќе зрачи повеќе од вас, па слободно препуштете и да ве води. Таа овие денови многу подобро ќе го осмисли вашето заедничко време, отколку вие самите. Препуштете и’ се со доверба. Бидете како дете и ќе бидете добро.

Работа: Сакате да работите со луѓе, но овие денови ценете ги пред се работите што се стабилни. Сигурноста е тема за која со задоволство ќе дискутирате со колегите. Вашите деловни интереси ќе ги насочите кон споменатиот критериум. Тоа ќе биде чекор напред.

Здравје: Кога е во прашање здравјето, можни се некои помали хормонални проблеми или ситни гинеколошки проблеми, но нема тенденција за поголеми грижи. Откријте кое хоби би ве правело среќни.