Неделен хороскоп: Што ве очекува до 18-ти јули?

Дознајте што ве очекува оваа недела. Еве што ви подготвиле ѕвездите до 18-ти јули.

Овен

Во текот на оваа недела ќе преовладуваат измешани чувства кај вас. Еден ден едвај ќе чекате да го видите партнерот, а веќе наредниот ќе ви оди на нерви. Пробајте да ги избалансирате работите и опуштете се. Во последно време не внимававте на храната која ја конзумирате, па почнувајќи од денес можете да се погрижите за тој проблем. Не прескокнувајте го појадокот! Тоа е најважниот оброк во денот.

Бик

Вашата тврдоглавост нема да ве направи подобра личност, ниту да ви донесе плус поени кај другите. Потрудете се да го прифатите секој совет, како и секоја критика. Изненадете го партнерот со подготвување на вкусна вечера, тој ќе ви биде благодарен за тоа. Среда и четврток се поволни денови за забава и рекреација. Искористете ги најдобро што можете.

Близнаци

Работите на професионално поле полека се подобруваат. Во вторник можеби ќе постои можност за почеток на некој нов проект, но треба добро да размислите дали ќе можете да го реализирате до крај. За време на викендот одморете. Гледајте некој филм, и запомнете дека е време да направите пауза од вечерните излегувања. Во недела, очекувајте подобрување на односот со вашиот партнер.

Рак

Прилично добро се снаоѓате со финансиитем, што е многу добар знак, бидејќи ќе имате можност да ѝ докажете на околината колку можете и знаете. Приликата напредување на професионално поле ќе ја имате токму на почетокот на оваа недела. Среда, како ваш среќен ден, ќе ви донесе позитивни мисли во врска со иднината.

Лав

Неделата започнете ја дружејќи се со пријателите и разговарјќи за убавите моменти што сте ги имале во минатото. Во секоја работа што ќе ја започнете бидете горди на себе и завршувајте ја до крај, само така ќе можете да имате успех. Партнерот ќе се чувствува запоставено, затоа обрнете му малку повеќе внимание.

Девица

Имате премногу обврски и можеби ќе немате толку многу слободно време за пријателите, нo треба да се потрудите секогаш да имате барем малку време за нив. Не постои нешто што релаксира повеќе од добар разговор со блиски пријатели. За време на викендот, очекувајте пријатно изненадување.

За другите хороскопски знаци повеќе на следната страница…