Неделен хороскоп: Што ве очекува до 18-ти јули?

Вага

Креативни сте и иновативни и тоа треба да го искористите за нешто ново. Можеби ќе ве исполни ако го покажете талентот за пишување. Никогаш не е доцна за нова професија. Проблемите кои ги имате на работа, оставете ги на работа, во никој случај не носете ги дома, бидејќи така не само вие, туку  и сите околу вас ќе бидат нервозни.

Скорпија

Старите пријатели со кои сте загубиле контакт, ќе сакаат средба со вас оваа недела и ќе ви се извинат за грешките во минатото. Оваа недела ќе се чувствувате малку осамено, но тоа не е поради вашата околина, туку поради вашата психичка состојба. Наместо да седите дома и да тагувате, излезете и запознајте нови луѓе. Можно е да започнете врска на далечина, но и сами сте свесни дека таа не секогаш успева.

Стрелец

Не верувајте секому. Злите усти ќе сакаат да донесат расправии во вашата врска. Верувајте му на партнерот, тој многу пати има докажано дека треба да имате доверба во него. За поголема релаксација оваа недела, искористете го времето за пиење кафе со старите пријатели и добар трач муабет.

Јарец

Во понеделник поминете некое време сами со себе, и одморете од друштво и други луѓе, бидејќи така ќе го вратите загубениот баланс. На крајот на работната недела ќе имате мали проблеми на работното место. Немојте да кревате паника и не го правете проблемот поголем отколку што е, туку останете смирени. Викендот ќе ви биде поволен да рекреација и релаксирање на прекрасното време кое ви го нуди летото.

Водолија

Социјализирајте се и не пропуштајте го поминатото време со пријателите. Во текот на целата недела ќе се чувствувате како да чекате нешто цела вечност. Не се работи за некоја работа која претерано ве интересира, затоа бидете трпеливи. За викенд, можно е да имате потреба од шопинг. Обидете се добро да се организирате, со цел да не потрошите непотребно пари

Риби

Ќе си направите услуга на себеси доколку бидете позитивни во текот на сите денови од неделата, без оглед на тоа дали вашиот љубовен живот не е онаков како што очекувате, или пак ве изморуваат обврските на работа. Кон крајот на неделата, ве очекува прилив на пари, со што ќе можете да си го овозможите посакуваниот шопинг.