Вага
Неделава е резервирана за нови идеи, нови луѓе и за склопување нови бизнис контакти. Немојте да ги пропуштате шансите за напредок. Она што е добро е дека нема веќе заостан ување. Потрудете се да се насочите на работата. Немојте да се нервирате премногу на тоа што другите луѓе го говорат. Немојте да губите време на личностите што не ве поддржуваат во се што правите. Страсни сте, па таа страст ја преточувате во врска, а слободните може да бидат склони на флерт повеќе од вообичаено. Не „влетувајте“ во врска.
Скорпија
Оваа недела ќе можете да го сработите навреме сето она што сте го планирале. Немојте да се откажувате. Добро се чувствувате. Би можеле малку да штедите на пари. Мошне сте амбициозни но имате поддршка од надредените и од колегите. Само продолжете така. Што се однесува до љубовта, важно е да не ја запоставите врската поради големиот број обврски и да поработите на комуникацијата со партнерот. Слободните може да запознаат некоја интересна личност на работното место или преку некој од работа.
Стрелец
Ова е одлична недела за патување. Притоа се треба добро да се испланира, а работата никако несмее да трпи. Ќе бидете авантуристички настроени. Купете си некои нови работи, забавувајте се, искористете го убавото време за патувања или забава. Имате доста идеи и конечно ќе можете да ги остварите. Што се однесува до врските одете со партнерот на пат или посетете некои луѓе што ви се драги. Слободните може да имаат некоја авантура.
Јарец
Неделава сте страствени. Се се врти околу парите. Не купувајте нешта што не ви се премногу потребни. Потрудете се да се насочите на штедење. Можни се расправии со блиските луѓе околу парите. Најдобро би било да се свртите кон себе си, да бидете вредни и да се занимавате со спорт. Ако сте во врска, приредете му некое изненадување на партнерот, внесете живост во вашиот однос. Ако сте слободни можете да се чувствувате добро во некоја незадолжителна врска.
Водолија
Оваа недела се ќе ви оди онака како што сте замислиле. Што се однесува до љубовта, се оди како што треба. Ќе сакате да бидете во центарот на вниманието, а тоа ќе го сака и партнерот. Потрудете се да се фокусирате на сопствените потреби, но и да правите компромис заради вашиот сопствен мир. Доколку сте слободни, поминете повеќе време со личноста што в и придава доста внимание. Што се однесува до работата, акцентот е на соработката. Сепак, гледајте да соработувате со лицата што Ве поддржуваат. Сега е време кога треба паметно да ги распоредите парите.
Риби
Неделава би требало да се фокусирате повеќе на работата. Ќе бидете задоволни . Конечно ќе бидете восхитени затоа што работите си одат по сопствен тек. Наградите за досегашниот труд нема да заостанат. Пофлете се себе си, пофалете ги партнерите, соработниците. Важно е да одите напред, да нема повлекување. Ова е добар период за напредок на работното место. Што се однесува до љубовта, немојте да го запоставувате партнерот, туку дајте му комплименти. Доколку сте слободни, можете да запознаете некоја личност на работното место или преку колегите.