Неделен хороскоп: Што ве очекува до 4-ти септември?

Вага

Потрудете се да се опуштите и да се одморите. Оваа недела ќе се чувствувате малку подобро. Посветете повеќе време за себе си, за  вашиот изглед и за здравјето. Внимавајте во сообраќајот. Ова не е време за некои патувања. Оваа недела е за завршување на започнатите обврски и за одмор. Ќе бидете прилично напнати во втората половина од неделата.

Скорпија

Оваа недела е резервирана за дружење. Можете да се видите со пријателите со коишто одамна не сте се виделе. Внимавајте што и кому говорите, затоа што не се сите добронамерни како  вас. Малку подобро се чувствувате од мин атата недела, иако и натаму сте загрижени околу работата и околу паричната ситуација. Сора ботувајте со луѓето со кои што веќе сте соработувале, особен о од втората половина на неделата.

Стрелец

Некоја личност од минатото можеби ќе се врати во вашиот живот. Можеби ова не е добра прилика да се враќате на старите приказни. Повторно се можни недоразбирања во комуникацијата. Не запоставувајте ја работата затоа што тоа сега треба да ви биде примарна преокупација. Конечно ќе завршите некои важни работи и ќе тргнете во нови победи со помош на пријателите и соработниците. Од викендот ќе се чувствувате подобро. Преку пријателите или ин тернет може да запознаете некоја нова личност, а зафатените треб а да се дружат со пријателите и да го вклучат и партнерот.

Јарец

Оваа недела е одлична за патување и работа. Дајте се од себе си да направите договор со соработниците. Немојте да работите премногу работи во исто време и потрудете се да најдете некоја златна средина. Избалансирајте помеѓу приватниот живот и работата. Можни се проблеми со спиењето, циркулацијата или бубрезите. Пијте повеќе течности и немојте да се прејадувате. Во врската се е во ред, а слободните може преку работата да запознаат некоја нова личност.

Водолија

Оваа недела немојте да трошите премногу пари на мебел или облека. Потрудете се да се насочите на работата, на штедење. Немојте да се нервирате ако не оди се како што сте замислиле. Поминете повеќе време со пријателите, но немојте да се нервирате ако немаат сите разбирање за вашите планови и идеи, затоа што оваа недела е полна со недоразбирања. Неморате да бидете премногу отворени, задржете некои работи за себе си. На некое патување може да запознаете некоја личност. Зафатените може да одат на некое пократко патување со партнерот.

Риби

Очекувате премногу од другите луѓе, како од соработниците, така и од партнерот. Се што можете, сработете сами. Првата половина од неделата е одлична за нови договори околу работата. Можни се помали недоразбирања со другите од втората половина на неделата. Некоја машка личност може да ви прави проблеми на работното место, но вие треба само да ја работите вашата работа, а тензијата наскоро ќе исчезне.