![nedelkov izjava](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/04/nedelkov-izjava.jpg?resize=696%2C420&ssl=1)
Претседателот на СОНК, господинот Јаким Неделков, испратил циркуларно писмо до подрачните единици на СОНК, а во врска со предлогот на Владата добиен на денешната средба со премиерот и со неколку министри и бара по истото членството да се произјасни, објави еден од професорите кој учествува во штрајкот.
„Господине Неделков, ние, членовите на СОНК, одвај се согласивме да отстапиме од максималното барање – почитување на Колективниот договор, имајќи на ум дека зголемувањето на платите на наставниците за 18,4% е црвената линија од која нема отстапување. Сега испаѓа дека зголемувањето за 18,4% е максималното барање и преговорите ќе бидат дај- што даваш.
Како никогаш досега членството е консолидирано и едногласно во барањата. Зад себе ја имате поддршката на сите вработени наставници во државава и воопшто нема потреба од консултации за некакви преговори под црвената линија. Се друго под 18,4% е добивање трошки и купување време. Во спротивно, Вие, како претседател на СОНК ја губите довербата од членството и се отвара простор за сомнеж“, го предупредува професорот претседателот на СОНК, Јаким Неделков.