Штрајкот на вработените во образованието и во градинките продолжува, потврди во неделата претседателот на СОНК, Јаким Неделков, кој информираше дека од Владата добиле усна понуда за зголемување на платите за 10 проценти со ребалансот на Буџетот во мај или јуни.
„Зголемувањата на платите од 10 отсто воопшто не кореспондира со зголемувањето на минималната плата и не е соодветна стимулација за враќање на достоинството“, изјави синдикалниот лидер.
Посочи дека спогодбата прво мора да биде потпишана, за да продолжи образовниот процес и им се извини на родителите на децата од училишна и предучилишна возраст.
Засега и натаму останува барањето за линеарно зголемување на платите за 18,4 отсто, а за тоа дали може да се намали прагот ќе одлучува членството.