
Скандалозна е иницијативата на рекотрите да формираат засебен синдикат на ниво на факултетите, остро реагираат од Синдикатот за образование, наука и култура – откако УКИМ реши да направи уште еден синдикат. Сметаат дека таа одлуката е и против законот за работни односи.
Првиот човек на СОНК за Алфа рече дека се сомневаат оти идејата е синдикатите да се занимаваат со себеси, до изборите, и да не го потпишат колективниот договор со кој треба да добијат 10% повисоки плати или дека нема пари во буџетот за да се обезбедат нивните барања.