Дигнитетот и довербата во медицинските работници се наш императив, а недокажаните и еднострани обвинувања кон здравствениот персонал го поткпопуваат и се на штета на целиот здравствен систем, велат од Комисијата за здравство (КЗ) на ВМРО-ДПМНЕ.
Оттаму апелираат на објективни, правични и законити процедури со цел да се елиминира праксата за линч на медицински персонал без притоа да се утврдат сите факти и околности, во конкретниот случај со случувањата на Клиниката за детски болести.
-Потсетуваме дека процесите со кои се фрла дамка на сестринската професија го демотивираат и онака дефицитарниот медицински кадар, а неопходно е да се земе во предвид стручното мислење на персоналот, здравствената состојба на пациентот, извештајот на стручната комисија и страната на засегнатиот медицински работник, истакнуваат од Комисијата.