Недостигаат 10.000 работници во Македонија, речиси исто колку што годишно си одат млади од земјата

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, кој ја промовираше идејата за увоз на работна сила, како решение за пробелмот со кој се соочуваат пред се хотелиерите и градежници, сега вели дека тоа би било само краткорочно решение.. Трајното, смета Битиќи, би било државата повеќе да вложи во вештините на своите граѓани.
„Сите други решенија, како што е увоз на работна сила се решенија кои не се одржливи. Одржливо решение се нашите сограѓани кои живеат овде и сакаат да продолжат да живеат во нашата земја. Со квалификација и доквалификација со кои ќе одговорат на барањата на нашите компании“.
Битиќи кажа дека околу 10.000 работници недостигаат во Македонија, речиси исто колку што според проценките на Стопанската комора, годишно си одат млади луѓе од земјата…
За тоа како да се задржат младите во земјава денеска се одржа јавна дебата на тема „Иселување на млади со високо образование: Дали РСМ подготвува работна сила за земјите од ЕУ?“. Во обраќањето инистерот за образование, Шаќири, оцени дека иселувањето може да се намали само со обезбедување на квалитетни работни места.
„Стапката на невработеност во земјава постојано се намалува. Дали е тоа доволно, мислам дека треба повеќе да се работи на условите. Конечно, со поквалитетни работни места ќе се помогне да се запре приливот на нашите дипломирани студенти во странство“
Доказ за масовноста на иселувањето, се последните податоци од училиштата за испишување на ученици поради заминување на нивните семејства во странство, а негативниот тренд беше потврден и со лансиот попис, кој покажа драстистично намалување на бројот на млади.