Недоволната странска побарувачка, во најголема мера, влијае на ограничениот обем на производство во месец номеври, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најголемо влијание на ограничувањето на обемот на производство во ноември оваа година имаат: недоволната странска побарувачка со 26,2 отсто, недоволната домашна побарувачка со 19 отсто, неизвесното економско опкружување со 10,1 отсто и финансиските проблеми со 8,8 отсто.
Раководителите ја оценуваат економската состојба на деловните субјекти во ноември 2013 година како непроменета во однос на претходниот месец, а како поповолна во однос на ноември 2012 година.
Оценката за обезбеденоста на производството со порачки е поповолна во однос на претходниот месец. Oценката за обемот на производството во ноември 2013 година е понепoволна во однос на претходниот месец, како и очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци и очекувањата за бројот на вработените.
Во ноември 2013 година, залихите на суровини и репроматеријали, како и тековните набавки на суровини и репроматеријали се под и околу нормалата. Залихите на готовите производи во ноември 2013 година се зголемени во споредба со претходниот месец.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во ноември 2013 година изнесува 60,7 отсто од нормалното искористување.