На 07.07.2024 во 14.40 часот во СВР Скопје, Ќ.М.(40) од Куманово пријавил дека во неговиот двор во с.Грушино, додека со багер рушел помошна просторија, пронашол една неексплодирана направа. При подигање на направата, од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Скопје, било констатирано дека станува збор работи за минофрлачка мина 88 мм, соопштија од МВР.