Негативни се резултатите од вработените во ЗОО Скопје за „птичји грип“

По добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица вработени во ЗОО Скопје се негативни за вирусот „птичји грип“.

Ова попладнево го информира Институтот за јавно здравје.

-На ден 21.10 согласно протоколите, направено е тестирање за „птичји грип“ во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура.

Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми, велат од ИЈЗ.

Институтот за јавно здравје информира дека се направени епидемиолошки анкети на сите 16 лица кои се доставени од список на ЗОО Скопје, а по појавата на случај на „птичји грип“.