Неготинчанец преживеа тешка сообраќајна незгода на автопатот Гостивар – Тетово. Тој изгубил контрола на автомобилот,а потоа се превртел и запалил, неготинчанец преживеа хорор на автопатот Гостивар-Тетово.
Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа околу 19,30 часот на автопатот Гостивар-Тетово во близина на надвозникот за селото Горно Седлараце, соопшти утринава портпаролот на тетовската полицијата Марјан Јосифоски. Тој за Нетпрес појасни дека до несреќата дошло кога 41-годишниот С.А. од Неготино изгубил контрола над автомобилот „Дачиа Логан“ со прилепски таблички.
Откако изгубил контрола, автомобилот се превртел, а потоа се запалил. За среќа, возачот успеал да излезе. Тој се здобил со теелени повреди и веднаш бил пренесен во тетовската болница каде е задржан на понатамошно лекување.
Портпаролот Јосифоски истакна дека според првичните информации причина за несреќата е неприлагодена брзина.
С.А. изјавил дека во моментот на несреќата му пукнала гума,а автомобилот за запалил бидејќи имал плински уред.