Жител на Неготино починал во сообраќајна несреќа изминатата ноќ откако со возилото излетал од коловозот на стариот патот Кадино – Миладиновци, извести во понеделнмикот Министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, несреќата се случила околу 2 часот кога автомобил „фолксваген пасат“ што го управувал 50-годишниот Т.З. од Неготино излетал од патот пред мостот во село Кадино.
Возачот починал на самото местото на настанот, а сопатничката, 43-годишната Ј.З. со тешеки повреди и била пренесена во Градската општа болница “Свети Наум Охридски“.
Извршен е увид на местото на настанот.