Нехамер: Путин ме увери дека австриското снабдување со руски гас е сигурно

Рускиот претседател Владимир Путин му рекол на австрискиот канцелар Карл Нехамер, која претходно седмицава се сретнаа во Москва, дека снабдувањато на Австрија со руски гас е сигурно и дека државата може и натаму да го плаќа енергенсот во евра, изјави канцеларот за националната новинска агенција APA.

Нехамер во понеделникот се сретна со Путин во резиденцијата на руските претседатели во Подмосковје, и досега јавно не зборуваше за сигурноста на австриското снабдување со гас.

Австрија добива 80 отсто од гасот од Русија и се противи Европската унија веднаш да наметне гасно ембарго на Москва, тврдејќи дека тоа сега не е можно.

Путин рече дека „снабдувањето со гас е осигурано, дека Русија ќе ја испорача со договорот утврденото количество и дека плаќањето оќе да остане во евра“, вели Нехамер во интервјуто за APA.