Нехируршка корекција на нос

Веќе осум години во САД е потполн хит тн.нехируршка операција на носот. Докторот, кој прв започна со овој неинвазивен тип на корекции на лице е Александер Ривкин, а неговата ординација која се наоѓа во Лос Анџелес, е една од најпопуларните во Америка.

Овој тип на интервенција се базира на инјекционо вбризгување на одредени супстанци на база на хијалуронска киселина, со цел да се прикријат различни нерамнини на носот и да се добие симетрија. Впрочем целиот корективен процес е поттикнат со откритието на интересен факт дека проблемот на неубав нос не се крие во неговата големина, туку во нерамнините и недостатокот на симетрија. Поточно, рамен и симетричен нос секогаш ќе делува помал од мал, нерамен и несиметричен нос.

Оваа операција решава широк спектар на проблематични изгледи на носот:различни грпки и нерамнини, свиткани врвови,изразени грби на носот, и тоа без никаков ризик и долготраен и болен опоравок.

ТРАЕЊЕ НА ОПЕРАЦИЈАТА

Операцијата трае неверојатни 15 до 30 минути. На почеток се нанесува крема како благ анестетик, а потоа со инјекција се вбризгува содржината за полнење и обликување на носот. За цело време на траење на овој процес, пациентите имаат можност да се гледаат во огледало и со тоа да ги контролираат резултатите и да делат сугестии околу саканиот облик на носот. Во Лос Анџелес оваа метода е толку популарна и широко прифатена, што многу од пациентите доаѓаат во ординација за време на пауза за ручек и се враќаат на работа со нов нос.

СУПСТАНЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ

Супстанците кои се користат за полнење зависат од типот на кожата, посакуваниот облик и долготрајност на разултатите.
Skinfill филерите се безбедни супстанци за кои не е потребно да се прават било какви алерголошки тестови. Траење на резултатите е околу 8 месеци, а после тој период настанува повлекување од организмот, симетрично, не оставајќи никакви нерамнини, се додека носот не се врати во иста состојба како и пред процедурата.

Во нашиот Anti Aging Center by PROMOITALIA цената на оваа процедура е 9.500 денари.
Повеќе информации и закажување на термини на 02/3131316.