Легендарниот репрезентативец на Бразил, Луис Назарио да Лима Роналдо, е убеден дека неговиот сонародник, Неимар, ќе одигра одлично на престојниот Мундијал кој стартува на 12 јуни.
„Неимар е многу добар фудбалер. Неимар е фантастично момче, одличен фудбалер. Имаме неколку сличности. И јас бев многу млад кога добив шанса да настапам на еден Мундијал. Одиграв одлично во 1998 година, а бев многу малд во 1994 година, но ја имав таа среќа да ја освојам светската титула на Мундијалот во САД. Убеден сум дека Неимар ќе одигра одлично, убеден сум дека може да се носи со големиот притисок. Постојано докажува дека е роден за голем успех, дека може да се носи со најдобрите. Сите имаме иста надеж, Бразил да биде Светски шампион, а Неимар да биде прогласен за најдобар фудбалер на турнирот”, изјави Роналдо.