Неимар ќе одмара само три до четири недели

Раководните лица и најверните фанови на каталонскиот гигант Барселона повторно мирно дишат откако клупскиот доктор и официјално потврди дека повредата која бразилскиот интернационалец Неимар ја заработи на реванш 1/8 финалниот натпревар од Купот на Шпанија против екипата на Гетафе не е од посериозна природа.

Главниот доктор на актуелниот шампион на Шпанија потврди дека Неимар го има повредено зглобот на десната нога и таквата повреда бара мирување во следните три до четри недели.

Репрезентативецот на Бразил нема да биде во комбинација за првенствените дуели против екипите на Леванте, Малага и Валенсија, а ќе го пропушти и првиот 1/4 финален натпревар од Купот на Шпанија.

За среќа Неимар ќе биде во конкуренција за првиот 1/8 финален натпревар од најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони, каде за противник ќе ги има незгодните дефанзивци на најбогтиот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Сити.