Неимар мисли само на Барселона

Таткото на последната милионска аквизиција на каталонскиот гигант Барселона, бразилскиот интернационалец Неимар, откри дека неговиот син е многу тажен и дека мисли само на неговиот клуб, а не на престојниот Мундијал во Бразил.

“Многу е тажен, не може да им помогне на тимските соиграчи. Тажен е поради последната повреда, поради неможноста да игра во Примера дивизион. Мисли само на Барселона, во неговата глава има место само за Барселона. Откако ќе заврши актуелната сезона, Неимар ќе мисли на Мундијалот во Бразил. Можам да кажам дека има напредок кога е во прашање неговата рехабилитација, дека се чуствува малку подобро”, изјави таткото на Неимар.

Репрезентативецот на Бразил има забележано 40 настапи во дресот на каталонскиот гигант и има постигнато 15 погодоци.