Неимар му фрли ракавица на Џејмс Родригез

Репрезентативецот на Бразил, Неимар, прво го пофали најдобриот фудбалер во репрезентативниот дрес на Колумбија, Џејмс Родригез, а потоа испрати јасна порака дека сака да стави крај на неговата голгетерска серија и сака да стави крај на победничкиот низ кој го има репрезентацијата на Колумбија на Мундијалот во Бразил.

„Јас знаев колку е добар Џејмс Родригез, знаев дека станува збор за одличен фудбалер и пред да го покаже својот раскошен талент во Бразил. Колумбија има фантастичен тим, ги добија сите натпревари во групната фаза. Покажаа колку се моќни и на дуелот против Уругвај. Џејмс е фантатичен фудбалер иако е многу млад, има само 22-години. Мора да му честитаме на одличната игра и на бројот на постигнати погодоци. Сепак, јас се надевам дека ние ќе ставиме крај на неговиот голгетерски циклус и ќе ставиме крај на нивната победничка серија. Се надевам дека Бразил ќе избори пласман во полуфиналната рунда”, изјави Неимар.