Освен по победата и пласманот во полуфиналната рунда, репрезентативците и најверните фанови на Бразил, дуелот против одличниот тим на Колумбија ќе го паметат и по тешката повреда која ја заработи најголемата ѕвеза во националниот дрес, Неимар.
Во самиот финиш од натпреварот, Неимар беше грубо фаулиран, со колено од офанзивниот бек на Колумбија, Цамило Ѕунига, а по стартот фудбалерот на Барселона беше изнесен на носилки и пренесен во болница во Форталеза. Според првичните информации, Нејмар има напукнување на третиот лумбален прешлен на ’рбетот, повреда што воопшто не е наивна и која најверојатно ќе биде санирана со хируршка интервенција.
„Не е премногу сериозна повреда, но тој нема да биде во состојба да игра до крајот на Светското првенство. Тој има напукнување на третиот лумбален прешлен и ќе бидат потребни од четири до шест седмици за да се опорави“, изјавил докторот на бразилската фудбалска репрезентација Родриго Ласмар.
Тажната вест ја потврди и селекторот на Бразил, Луис Филипе Сколари кој призна дека Неимар најверојатно предвреме, со сериозна повреда на ’рбетот, го заврши настапот на Светското првенство.