
Низа „неискажливи, неразумнии грешки“ на екипажот доведоа до бродоломот во кој загина британскиот технолошки претприемач Мајк Линч и уште шестмина претходно оваа седмица, изјави извршниот директор на производителот на јахти за Reuters во четвртокот.
Јахтата „Bayesian“, која пловеше под британско знаме, луксузн едреник долг 56 метри на која биле 22 лица – 12 патници и 10 членови на екипажот, се преврте и потона во понеделникот, неколку минути откако беше зафатен од бура пред мугрите додека бил вкотвен крај брегот на северна Сицилија.
„Бродот претрпел низа неописливи, неразумни грешки, на тој брод се случи невозможното… но потона затоа што навлезе вода во него. Од каде, ќе кажат истражителите“, изјавил Џовани Костантино во интервјуто.
Костантино ја предводи групацијата „The Italian Sea Group“, која ја вклучува компанијата „Perini Navi“, италијански производител на едреници и јахти од високата класа кој ја изградил „Bayesian“ во 2008 година. Едреникот оттогаш двапати бил на ремонт, последниот пат во 2020 година, но не кај производителот „Perini Navi“.
Извршниот директор отфрли какви и да се грешки во дизајнот или конструкцијата, што тој ги нарече малку веројатни по 16 години пловење без проблеми, вклучително и полоши временски услови од понеделникот.
Го обвинува екипажот на „Bayesian“ за „неверојатна грешка“, бидејќи тие не биле подготвени за бурата, која била предвидена во прогнозите.
Костантино вели дека од патниците требало да се побара да ги напуштат своите кабини и да се соберат на безбедно место додека бродот се подготвувал за бура, вклучително и подигнување на сидрото и затворање на вратите, меѓу другите мерки.
Шест од 12-те патници загинаа во потонатиот брод, а итните служби сѐ уште се обидуваат да го лоцираат телото на последното исчезнато лице, ќерката на Линч, Хана.
„Доколку биле почитувани процедурите, сите патници би се врателе на спиење по еден час и среќно ќе го продолжија своето прекрасно крстарење следното утро“, смета Костантино.
Друга јахта вкотвена во близина на „Bayesian“ ја помина бурата без последици. Капетанот на потопениот едреник и другите членови на екипажот јавно не ја коментираа несреќата, додека италијанските обвинители кои ја истражуваат треба да одржат прес-конференција во сабота.
