Во текот на следната седмица треба да бидат избрани членовите на работните тела на Собранието, по што по нивното формирање парламентот ќе може да започне да работи. Партиски извори за ТВ21 велат дека сѐ уште е закочена работата за челната позиција на Комисијата за европски прашања на која инсистира ДУИ, но истовремено очекуваат да ја добијат и од БЕСА.
Претседателот на движењето Биљал Касами не сакаше да открие која комисија претендираат тие да ја предводат, само рече дека тоа е процес и дека набргу ќе се знае која партија во кои комисии ќе учествува и кои комисии ќе ги води.
„Не би сакал да кажам дека е тоа проблем но сигурно е дека секоја од партиите сакаат да придонесат во комисии во кои најмногу мисли дека ќе придонесе за граѓаните и во тој дел е процес на преговори но засега не би сакал да кажам дека е тоа некој проблем. Значи нема таков проблем, сигурно е процес на преговарање“, истакна Биљал Касами.
Во согласност со бројот на пратенички мандати коалициите предводени од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе раководат со осум комисии, ДУИ со три а коалицијата Алијанса Алтернатива со две комисии. Во петокот и од Кабинетот на претседателот на Собранието, Талат Џафери, информираа дека по постигнувањето договор ќе биде свикана седница за формирање на комисиите.
„Претседателот Џафери ќе ја свика седницата за формирање на работните тела на Собраниеето во моментот кога политичките партии ќе достават предлог. До овој момент таков предлог не е доставен од ниедна партија. Штом истиот биде доставен претседателот ќе може да свика седница“, посочија од Кабинетот на Талат Џафери.
Поради тоа што сѐ уште не се формирани комисиите, не може да работи и Собранието, бидејќи сите закони мора да поминат претрес и на работните тела. Па така, се уште чекаат да бидат донесени измените на законот за основно и средно образование со што ќе се уреди пролонгирањето на учебната година за 1 октомври наместо септември, како и скратување на часовите за 10 мину