Неизвесноста продолжува, се уште се бројат гласовите во САД, Бајден поблиску до победата

И два дена по изборите за претседателот на Соединетите американски држави, Американците во неизвеност кој ќе ја води државата во следните четири години.

Се уште се бројат гласовите од претседателските избори во САД .Бајден е поблиску до победата. Тој му се приближи на Трамп во Пенсилванија и Џорџија.

Сега резулататот е 264 за Бајден ,а 214 електорати за Трамп. Тој ги задржа тесните предности во невада и аризона, приближувајќи се кон обезбедување на 270 гласови во изборниот колеџ што го одредува победникот.

Трамп без да обезбеди никакви докази, обвини за измама во државите од каде сè уште доаѓаат резултати и се закани со правна постапка низ целата земја. Со досега 253 гласачи во изборниот колеџ, сите погледи се насочени кон пребројувањето на гласовите во Пенсилванија, каде што Бајден продолжи да му се приближува на Трамп. Бајден ќе стане следниот претседател ако ја освои пенсилванија, или две држави од тројката: Џорџија, Невада и Аризона. Трамп пак треба да ги задржи предностите во Пенсилванија и Џорџија.

Трамп започна со правни активности предизвикувајќи го процесот на пребројување, притоа ставајќи сомнеж во резултатите од изборите. Штабот на Трамп, исто така, побара да се покрене случај во Врховниот суд на САД, оспорувајќи го правилото на Пенсилванија што и дозволува на државата да ги брои гласачките ливчиња по пошта кои ќе пристигнат до три дена по денот на изборите.. Постојат судски пресуди со кои се дозволува пребројување на тие гласови во државите каде што тоа го дозволува локалното законодавство. На брифингот во Белата куќа тој уште еднаш тврдеше, без докази, дека демократите „се обидувале да ги украдат изборите“. „сметаме дека ќе има многу судски спорови“, рече Трамп.