Домаќинот на престојниот Мундијал, репрезентацијата на Бразил забележа убедлива победа од 5:0 на пријателскиот натпревар против селекцијата на Ј.Африка, но освен по погодоците, дуелот во Јоханесбург ќе биде запаметен и по прекрасната дружба помеѓу еден млад фан на Ј.Африка и големата ѕвезда од редовите на Барселона, Нејмар.
Веднаш по завршувањето на натпреварот, младиот фан на Ј.Африка влезе на зелениот терен и тргна кон своите фудбалски идоли со надеж дека ќе ги прегрне и ќе се фотографира. После само неколку чекори, момчето беше сопрено од обебзедувањето, но во следниот момент Нејмар го зема момчето и го однесе кај своите соиграчи од репрезентацијата, а тие го кренаа на раце.