Бразилскиот суперстар Нејмар, беше главниот херој на својата репрезентација во победата со 0:4 на пријателскиот натпревар против Јапонија.
Тој ги постигна сите четири гола со што стигна до бројката од 40 погодоци за Бразил, и тоа на само 58 натпревари. Интересно е што Нејмар за малку не го достигна рекордот на Пеле, кој 40-от погодок за Бразил го постигна на возраст од 22 години и 189 дена, додека на Нејмар тоа му успеа на 22 години и 251 ден.
Последен Бразилец кој за својата репрезентација постигна четири погодоци на еден натпревар беше Ромарио во 2000-та година против Венецуела.