Нејмар конечно погоди, два гола за Бразил во финишот на мечот

Репрезентацијата на Бразил со тешки маки и со поништен гол усепа да ја победи Костарика со 2:0, со голови во самиот финиш на натпреварот. Иако се чинеше дека ова ќе биде прв натпревар на Мундијалот без голови, Бразилците во 90 и 96 минута со головите на Кутињо и Нејмар се вратија во игра за осминафиналето.

Бразилците во првиот дел не покажаа ништо спектакуларно, иако ја имаа топката во своите нозе. Нејмар беше целосно запрен од Гамбоа, кој поради повреда беше заменет во 75 минута, па од тогаш, а особено по влегувањето во игра на Фирмињо во 68 минута Бразил почна да го притиска вистински голот на Костарика. Спорниот момент дојде во 78 минута кога Нејмар падна во пеналтикот во дуел со Гонзалес, па судијата Куијперс покажа на белата точка. Костариканците приговараа, па судијата ја користеше ВАР технологијата за да ја прегледа снимката по што го поништи пеналот и играта продолжи.

Кутињо во 90 минута ја погоди мрежата на Навас откако бише силно од близина по добиената топка од Џезус во средината на пеналтикот. Во 96 минута погоди и Нејмар по контранападот на Бразилците.

Српските фудбалери ќе бидат првите патници од оваа група во вториот круг ако вечерва ја победат Швајцарија, а Бразил  осминафиналето ќе мора да го осигура во последниот натпревар против Србија.