Нека му е со среќа, вака премиерот Христијан Мицкоски ја коментираше изјавата на пратеникот Халил Снопче кој рече дека ако се изгласа законот за бранители Вреди ќе ја напуштат владата.
Имено, пратеникот Снопче синоќа за Клик Плус изјави дека неговата коалиција ќе излезе од Владата доколку се укине Законот за употреба на јазиците и доколку биде изгласан Законот за бранители.
„Поради руското влијание, доколку влезат во такви авантури и ние не го решиме проблемот навремено, тогаш за ВЛЕН нема место во Владата. Какво место во Владата, рекол Снопче во емисијата „Клик плус“.
Мицкоски вели дека не функционира со закани и уцени.
– Ако некој се заканува, треба и да го реализира тоа, а ако не, остава лош впечаток во јавноста. Јас на заканите не одговарам баш така како што некој може да очекува. Изненаден сум што еден професор користи речник на закани, но тоа е негова одлука. Не знам кога ќе дојде на дневен ред во Собранието Законот за бранители, но кога ќе дојде, ќе ја има нашата поддршка – рече Мицкоски.