Некој го украл штитот од статуата на Александар Први Филхелен! Што е следно? Мостот?

Слика од украдениот штит на споменикот на Александар Први Филхелен на мостот Око осамна на фејсбук-групата „Стари Скопјани“.

„Украден е штитот од статуата Александар Први Филхелен – седмиот македонски крал по ред од лозата на Аргеадите, кој се наоѓа на Мостот на цивилизациите. Што е следно? Мостот?“, пишува револтиран граѓанин.

фото: фејсбук/принтскрин