Во вечерашната емисија ClickPlus на ТВ21, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели „може да закажете во исто време да ве фотографираат во еден термин и за пасош и за лична карта и за возачка но тоа мора да го потенцирате“.
– Некој немал ум во главата како што ќе каже вака нашиот убав и мудар народ. Затоа што некој немал ум во главата или заради тоа што некој не сакал да работи или заради тоа што некој ни на крај памет не му бил интересот на македонските граѓани туку имал други интереси за коишто ќе видиме во иднина од кој аспект ќе бидат разгледувани, вели Тошковски во врска со метежот со личните документи и додава дека „доколку сега се јавите на телефонскиот број или се закажете на веб страницата може да закажете во исто време да ве фотографираат во еден термин и за пасош и за лична карта и за возачка но тоа мора да го потенцирате“.