Некогаш член на Реал Мадрид, сега член на нарко мафија

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Наполи, Коринтијанс, Фреди Ринкон, поради поврзаност со нарко мафијата и перење на пари се најде на потерницата на Интерпол.

“Ринкон работи со колумбискиот нарко шеф Пабло Монтана”, пишуваат колумбиските медиуми.

Во богатата фудбалска кариера Ринкон кусо играше за Реал Мадрид и Наполи, беше стандарден репрезентативец на Колумбија една деценија (1990-2001), а најголем впечаток остави додека играше за Коринтијанс.

Ринкон беше член на одличната генерација на Колумбија со Валдерама, Игита, Ескобар и секако не е прв во низата на колумбиски играчи кои имале проблеми со законот и мафијата.