Некои од атентаторите на Хаити минале американска обука, потврди Стејт департментот

Шестмина од осомничените за заговорот за убиство на претседателот на Хаити, Жовенел Моисе, биле обучувани според американските воени програми додека служеле во вооружените сили на Колумбија, изјави во четвртокот портпатолот на американскиот Стејт департментот, Нед Прајс.

Хаитскиот претседател Жовенел Моисе беше смртно застречан во напад врз неговата резиденција во близина на главниот град Порт-О-Пренс ноќта кон 7-ми јули. Негвоата сопрегиа Мартин Моисе беше ранета, подоцна беше пренесена во болница во Мајами и претходно седмицава се врати во земјата.

„Стејт департментот и министерството за одбрана идентификуваа шестмина од можните учесници во заговорот, кои во минатото биле обучувани според американските воени програми додека служеле во колумбиската војска“, изјавил Прајс на редовниот брифинг за новинарите.

Според него, американските дипломатија и одбрана продолжуваат со проверки на записите за да утврдат дали лицата за кои властите на Хаити сметаат дека учествувале во заговорот добиле каква и да е воена или полициска обука финансирана од САД.