Поради изведување на приклучок на улица Кукушка раскрсница со улица Јордан Хаџиконстантинов – Џинот без вода ќе останат корисниците од Јордан Хаџиконстантинов-Џинот, Кукушка, Димитрие Туцовиќ, Ленинова, Пајак и Крсто Баиќ од 08:30 часот па се до завршување на приклучокот.
Без вода ќе бидат и корисниците кои живеат на булеварот Мито Хаџивасилев Јасмин број 52, гимназијата Јосип Броз Тито, Театарот и зградата до театарот од 08:30 часот па се до санирање на дефектот.
Поради реконструкција на водоводна мрежа на булеварот Србија без вода ќе останат корисниците од булеварот АСНОМ од 08:30 часот па се до завршување на реконструкцијата.